08 мај 2026
• од Никола Трајковски
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот организиран од амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, по повод 9 Мај – Денот на Европа.
Во објава на социјалните мрежи, Сиљановска Давкова истакна дека Денот на Европа е траен симбол на европското единство, мир и солидарност. Таа потсети дека Шумановата декларација ги поставила темелите на европскиот мировен и интеграциски проект, заснован на идеалите за траен мир, соработка и помирување меѓу народите.
Претседателката нагласи дека Европската Унија за неа претставува многу повеќе од политички и економски сојуз, односно заедница изградена врз заеднички вредности како демократијата, владеењето на правото, човековото достоинство и почитувањето на човековите права.
„Во време на растечка геополитичка неизвесност и сериозни безбедносни предизвици, проширувањето на ЕУ останува не само политичка и економска неопходност, туку и стратешка инвестиција во стабилноста и иднината на Европа“, порача Сиљановска Давкова.
Таа додаде дека без целосна интеграција на Западен Балкан, европскиот проект не може да се смета за завршен, бидејќи регионот географски, историски и културно припаѓа на европското семејство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

