08 мај 2026
• од Димитар Стојановски
Шефицата на надворешната политика на Европската Унија, Каја Калас, во петокот изјави дека сè уште не е утврден точен датум за отворање на формалните преговори за пристапување на Молдавија во ЕУ, но нагласи дека Унијата сака процесот да се движи брзо.
„Не го одредивме тој датум, но јасно е дека треба да се движиме брзо“, рече Калас на заедничка прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду.
Калас додаде дека промените на владите во различни земји создаваат „прозорец на можност“ за напредок.
„Затоа мислам дека треба да дејствуваме додека никој не е против Молдавија, бидејќи никогаш не знаете кога може да дојде влада што ќе има, на пример, билатерално прашање“, рече таа.
Таа оцени дека Молдавија постигнала напредок во спроведувањето на реформите и нагласи дека отцепениот регион Приднестровје „нема да стане пречка“ на патот на земјата кон членство во Европската Унија.
Санду, пак, повтори дека Молдавија останува посветена на целта да го потпише договорот за пристапување до 2028 година.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

