07 мај 2026
• од Стефан Николов
Обвинетиот Стојанче Јовановски е осуден на единствена казна затвор од 12 години за трите кривични дела за кои се товареше, меѓу кои и за наведување и помагање во самоубиство на Ивана и нејзината ќерка Катја.
Според Судот, Јовановски со континуирано физичко и вербално насилство ја довел Ивана во безизлезна и очајна состојба, што било причина таа да посегне по својот живот и по животот на својата ќерка. Насилството, како што беше наведено, траело континуирано од 2023 година, на различни места и во присуство на детето.
Судот утврди дека обвинетиот ѝ се заканувал на Ивана дека ќе ја избрка од станот, дека ќе ја убие и дека ќе ѝ ја земе Катја.
За сите три кривични дела на Јовановски му се изречени максимални казни: пет години за телесна повреда, три години за загрозување на сигурноста и пет години за наведување и помагање во самоубиство. Согласно законските правила за изрекување единствена казна, Судот му одреди 12 години затвор.
Обвинителството побара Јовановски да остане во притвор до правосилноста на пресудата.
Кузеска: Европа не сака да прими организирана криминална група во својот систем
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

