06 мај 2026
• од Тодор Вангелов
СДСМ побара јасен одговор од Министерството за правда и од Владата дали се испратени документите за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски.
Од партијата тврдат дека поминал еден месец откако, како што наведуваат, унгарскиот премиер Петер Маѓар најавил дека Унгарија нема да биде „сигурна куќа за криминалци“, притоа спомнувајќи го и Груевски.
„Од тогаш – тишина. Министерството за правда вели дека документите се комплетираат“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Опозициската партија прашува дали Владата има намера да постапи во случајот и дали правдата, како што велат, важи еднакво за сите. Според СДСМ, одолговлекувањето на постапката остава впечаток дека власта му дава време на Груевски.
Во соопштението се упатуваат и остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои СДСМ ги обвинува за селективна правда и за политички притисоци врз институциите.
Од Владата и Министерството за правда засега нема нова реакција на овие обвинувања.
Кузеска: Европа не сака да прими организирана криминална група во својот систем
Зеленски ја обвини Москва за „краен цинизам“ по смртоносните руски напади врз Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

