07 мај 2026
• од Тодор Вангелов
СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и Владата свесно создаваат тензии со Бугарија за да обезбедат изговор за застојот во евроинтеграциите.
Од партијата реагираат на изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека „нема услови за уставни измени“, оценувајќи дека тоа е спротивно на најавите на Владата дека до јуни ќе ги исполни преостанатите точки од реформската агенда.
„Ова не е случајна контрадикторност, туку намерна блокада на европскиот пат на Македонија“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, уставните измени остануваат клучен услов за напредок во преговорите со Европската Унија, а Мицкоски, како што наведуваат, „свесно создава конфликт со Бугарија за да има готов изговор зошто процесот стои во место“.
СДСМ тврди дека Владата нема волја за реформи и дека наместо да ја отвори вратата кон Европа, се обидува да ја задржи контролата врз институциите, судството и јавните пари.
„Граѓаните јасно гледаат дека кога нема решение за економијата, кога нема реформи и кога нема пари во буџетот, Мицкоски единствено што знае е да создава тензии, конфликти и да ја обвинува опозицијата“, се наведува во соопштението.
Од партијата потсетуваат дека СДСМ, како што велат, го решила прашањето за членството во НАТО во најбрз можен рок, со што земјата станала членка на Алијансата во една од најбрзите постапки во споредба со останатите членки.
СДСМ порачува дека останува на ставот дека единствениот пат за Македонија е членството во Европската Унија и дека „нема алтернатива“.
Кузеска: Европа не сака да прими организирана криминална група во својот систем
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

