06 мај 2026
• од Тодор Вангелов
Северна Македонија и Европската Унија одбележуваат 30 години дипломатски односи, период во кој партнерството значително ја приближи земјата до европското семејство.
Од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, преку добивањето статус земја-кандидат, безвизниот режим и почетокот на воведната фаза од пристапните преговори, односите меѓу ЕУ и Северна Македонија се развиваа како стратешко партнерство засновано на реформи, соработка и заедничка европска иднина.
Европската Унија останува најголем економски партнер на земјата, со 77 проценти од извозот насочен кон ЕУ и околу две третини од странските инвестиции што доаѓаат од земјите-членки. Од 2007 година досега, ЕУ обезбеди 1,9 милијарди евра поддршка за реформи, институционален развој, економски раст и подобар животен стандард.
На денешната конференција по повод јубилејот, амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, порача дека следните чекори се јасни. Со силна јавна поддршка за членство во ЕУ, Северна Македонија треба да продолжи со реформите, да ја зајакне регионалната соработка и да остане посветена на европскиот пат.
Европската Унија, како што беше истакнато, останува посветен партнер на Северна Македонија.
Кузеска: Европа не сака да прими организирана криминална група во својот систем
Зеленски ја обвини Москва за „краен цинизам“ по смртоносните руски напади врз Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

