06 мај 2026
• од Гоце Кически
Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост остро реагираат на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој семејното насилство го оцени како „мал престап“, во контекст на случајот со негов телохранител кој е во осумдневен притвор.
Од двете организации потсетуваат дека семејното насилство во земјава повеќе од две децении се третира како кривично дело, а не како прекршок со намалена тежина. Тие предупредуваат дека ваквите јавни изјави можат да го релативизираат насилството, да ги охрабрат сторителите и дополнително да ги обесхрабрат жртвите да пријавуваат.
Во реакцијата се наведува дека од јануари годинава како последица на семејно насилство животот го загубиле четири жени и едно девојче. Организациите посочуваат и дека, според статистиката на МВР, во 2025 година бил забележан највисок број пријавени случаи досега, со просек од 19 пријави дневно.
Мрежата и Платформата оценуваат дека минимизирањето на проблемот со години придонесувало жртвите да не пријавуваат, а институциите да не постапуваат навремено и соодветно. Тие потсетуваат дека по трагичниот случај од 2 март 2026 година, кога жена со малолетно дете скокна од зграда, премиерот јавно ги повика жртвите да пријавуваат и да не ги повлекуваат пријавите.
„Денес, истиот тој премиер го сведува овој контекст на ‘мал престап’, со што го поништува сопствениот повик и сериозноста на проблемот што конечно почна да се препознава“, се наведува во реакцијата.
Организациите бараат премиерот јасно, гласно и недвосмислено да го осуди секој чин на родово засновано насилство и да внимава на јавните изјави, особено кога станува збор за прашања што директно ја засегаат безбедноста на жените и жртвите на насилство.
Кузеска: Европа не сака да прими организирана криминална група во својот систем
Зеленски ја обвини Москва за „краен цинизам“ по смртоносните руски напади врз Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

