08 мај 2026
• од Тодор Вангелов
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостување во поткастот „Риштази“ изјави дека премиерот Христијан Мицкоски нема политички, морален ниту каков било легитимитет да го блокира европскиот пат на државата.
Филипче оцени дека членството во Европската Унија е повеќедецениска стратешка цел на граѓаните и државата, започната уште од независноста во 1991 година.
„Кој е Христијан Мицкоски да каже не?“, праша Филипче, обвинувајќи ја актуелната власт дека со своите политики ги загрозува стратешките и националните интереси.
Според него, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со секој чекор покажува дека не сака земјата да продолжи по европскиот пат, со што, како што рече, ги лишува граѓаните од придобивките што ги носи процесот на пристапување во ЕУ.
Филипче нагласи дека самите пристапни преговори носат видлив напредок преку реформи, европски фондови и инвестиции во инфраструктура, образование, здравство, плати и пензии.
„Во тој процес се менува земјата видливо, ќе стигнат фондовите, ќе почне да се инвестира во инфраструктурата, а не како сега, преку скапи и нетранспарентни кредити“, рече Филипче.
Тој додаде дека реформите во правосудството се клучни и дека тие не можат да се спроведат без пристапните преговори со Европската Унија.
Според Филипче, власта избегнува европска контрола бидејќи ѝ одговара систем без суштинска одговорност и надзор.
„Без европско правосудство овде работите нема да мрднат“, порача претседателот на СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

