07 мај 2026
• од Тодор Вангелов
Европа е во состојба на зголемена готовност откако прелетите на дронови во воздушниот простор на НАТО минатиот септември достигнаа невиден обем, што ги натера лидерите да се согласат за развој на таканаречен „дронски ѕид“.
Неколку беспилотни летала влегле во воздушниот простор на Латвија од Русија во текот на ноќта, соопшти армијата во четвртокот. Две од нив се урнале, а едно предизвикало краток пожар во нафтено складиште.
„Неколку беспилотни летала влегоа во латвискиот воздушен простор“, наведе армијата на земјата членка на ЕУ и НАТО, која граничи со Русија. Во соопштението се додава дека две летала „се урнале“.
Еден од дроновите паднал во складиште за нафта во Резекне, во источниот дел на земјата, соопшти националната полиција. Пожарот што избувнал бил брзо ставен под контрола од пожарникарите.
„Додека трае руската агресија врз Украина, можно е вакви инциденти да се повторуваат, кога странско беспилотно летало ќе влезе во латвискиот воздушен простор или ќе му се приближи“, предупреди армијата.
Кузеска: Европа не сака да прими организирана криминална група во својот систем
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

