06 мај 2026
• од Гоце Кически
Пет случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени на 4 мај во Скопје, Тетово и Гостивар, покажуваат информациите од полицискиот билтен. Дел од пријавите се однесуваат на физички напади во семејни домови, а во еден случај е пријавено следење и вознемирување од поранешен партнер.
Во Скопје, 75-годишна жена пријавила дека претходниот ден, на 3 мај, во нејзиниот дом во Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот син и неговата сопруга. Според пријавата, при инцидентот бил оштетен и дел од покуќнината.
Истиот ден во СВР Скопје била поднесена уште една пријава од Кисела Вода. Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека на 2 мај, во семејниот дом, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот татко.
Случај на вознемирување е пријавен и во Тетово. Триесетгодишна жена пријавила дека рано утрото на 4 мај нејзиниот поранешен партнер од Скопје ја следел и вознемирувал низ градот.
Во Гостивар, полицијата привела 31-годишен маж откако неговата сопруга претходно пријавила дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ упатил закани по нејзиниот живот, како и по животот на нејзини блиски лица. Приведувањето било извршено на улицата „Браќа Ѓиноски“.
Подоцна истата вечер, во гостиварската населба Бањешница бил приведен и 35-годишен маж. Полицијата постапувала по поплака дека тој агресивно се однесувал кон неговата мајка, а по пристигнувањето на службениците, според информациите, продолжил со агресивно однесување и кон нив, при што ги омаловажувал.
Кузеска: Европа не сака да прими организирана криминална група во својот систем
Зеленски ја обвини Москва за „краен цинизам“ по смртоносните руски напади врз Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

