26 септември 2026
• од Гоце Кически
СДСМ бара Јавното обвинителство да отвори истрага за финансирањето на прославата на 35 години независност, за која Владата претходно соопшти дека чинела околу 5,53 милиони евра. Од партијата бараат да се утврди каде завршиле парите и кој ги одобрил исплатите.
На прес-конференција, Елена Радеска од СДСМ се повика на документи објавени од „Слободен печат“, според кои договорот меѓу Државната лотарија и „Стардаст“ во вредност од 300 милиони денари бил склучен на 8 мај, истиот ден кога завршил јавниот повик на кој „Стардаст“ бил единствен понудувач. Документите покажуваат и дека барањето за признавање на спонзорството како проект од јавен интерес било поднесено на 12 август, откако програмата веќе започнала, додека решението било издадено на 16 септември, по завршувањето на настаните.
СДСМ посочува и дека „Стардаст“ неколку месеци претходно добил околу 1,85 милиони денари, односно околу 30 илјади евра, од Државната лотарија. За намената на тие средства во јавноста досега нема целосни информации. Податокот за претходната исплата беше објавен и од други медиуми.
Владата на 10 септември соопшти дека прославата чинела околу 340 милиони денари, од кои 300 милиони биле обезбедени од нераспределената добивка на Државната лотарија, а околу 40 милиони денари од компании.
Од СДСМ бараат Обвинителството да ја обезбеди целата документација и да го провери текот на парите, како и јавно да бидат објавени договорите, записниците, фактурите и исплатите. Партијата бара и одговор кој го одобрил трошењето на средствата, врз која правна основа и дали за сите услуги биле исполнети даночните обврски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

