26 септември 2026
• од Гоце Кически
Полицијата поднесе кривична пријава против 42-годишна инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека побарала и примила 250 евра поткуп од угостителски објект во Скопје.
Според МВР, инспекторката при редовна контрола побарала пари за во записникот да наведе дека во објектот не биле утврдени неправилности.
Полицијата соопшти дека таа знаела оти објектот немал пропишани процедури за добра производна и хигиенска пракса во моментот на контролата.
Според пријавата, инспекторката ги примила парите на 25 септември, кога на сопственикот му го предала и записникот од извршениот инспекциски надзор.
Против неа е поднесена кривична пријава за „примање поткуп“ до Основното јавно обвинителство Скопје.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

