26 септември 2026
• од Гоце Кически
Американскиот претседател Доналд Трамп наводно го одбил иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот и повторно отворање на Ормутскиот Теснец, клучен морски пат за светската трговија со енергенси. Информацијата ја објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски функционери.
Иран понуди да го отвори теснецот во рок од седум дена доколку САД ја укинат поморската блокада на иранските пристаништа, ги олеснат санкциите за продажба на иранска нафта и прифатат прекин на огнот што би го опфатил и Либан. Техеран истовремено понуди продолжување на разговорите за својата нуклеарна програма.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека, доколку бидат исполнети условите, нормалниот поморски сообраќај би можел да продолжи во рок од една недела. Според предложениот план, по повторното отворање на теснецот би започнале и нови преговори меѓу Вашингтон и Техеран.
Американските и иранските претставници во изминатите денови одржуваат контакти преку посредници, но двете страни и натаму имаат значителни разлики околу условите за договор. Ормутскиот Теснец останува едно од клучните прашања во разговорите поради неговото големо значење за снабдувањето со нафта и стабилноста на светските енергетски пазари.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

