24 септември 2026
• од Гоце Кически
Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ реагира дека рудникот Казандол повторно се појавува во Нацрт-просторниот план на државата до 2040 година. Од иницијативата бараат проектот да биде избришан од документот.
Според нивната објава, Казандол е наведен меѓу рудниците за металични минерални суровини предвидени за отворање до 2040 година.
Од „Спас за Валандово“ потсетуваат дека концесијата за Казандол беше раскината во 2018 година, по повеќегодишни протести и противење на жители од Валандово, Богданци, Дојран и други места од Југоистокот.
По раскинувањето на концесијата следуваше арбитражна постапка во која, според иницијативата, од државата биле побарани околу 115 милиони евра отштета, но спорот завршил во корист на државата.
Иницијативата ги повика граѓаните да присуствуваат на јавната расправа за Просторниот план, закажана за денес, 24 септември, во 12 часот во Домот на АРМ во Струмица.
Од „Спас за Валандово“ порачуваат дека ќе бараат Казандол целосно да биде отстранет од планот, нагласувајќи дека прашањето го сметаат за важно за животната средина, водата, земјоделството и иднината на целиот Југоисточен регион.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

