24 септември 2026
• од Гоце Кически
Случајот со Ива Михаилова, за која се наведува дека има потреба од итно лекување, е предложен како дел од заклучоците на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, кој денеска го почнува 25. состанок во Скопје.
Во Северна Македонија во моментов престојуваат и повеќе бугарски европратеници, кои учествуваат во работата на комитетот и во средбите со претставници на македонските институции, политичките партии и граѓанскиот сектор.
Бугарскиот европратеник Кристиан Вигенин соопшти дека е предложен текст за случајот со Михаилова и изрази надеж дека македонските претставници нема да го блокираат неговото вклучување во заклучоците. Тој не објави дополнителни детали за содржината на предложениот текст.
Состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет се одржува денеска и утре. Меѓу главните теми се пристапните преговори на Македонија со ЕУ, владеењето на правото, добрососедските односи и регионалната стабилност.
На дневен ред се и транспортното и енергетското поврзување, Коридорот 8 и железничката врска меѓу Македонија и Бугарија.
Првата работна сесија е предвидена за денеска попладне, а втората ќе се одржи утре. На состанокот учествуваат македонски пратеници и европратеници, како и претставници на Владата и на европските институции.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

