26 септември 2026
• од Гоце Кически
Министерот за транспорт Александар Николоски најави изградба на нов експресен пат од Радовиш, преку Струмица и Ново Село, до границата со Бугарија.
Николоски, при работна посета на Радовиш, изјави дека идејата е со овој пат да се обезбеди уште една брза патна врска со Бугарија.
Според него, веќе е почната постапката за избор на консултантска куќа која треба да ја подготви предпроектната документација, како и еколошките, социјалните и физибилити студии. Рокот за поднесување понуди е до осми октомври.
Николоски рече дека по изборот, подготовката на студиите треба да трае од шест до девет месеци, по што ќе следува тендер за изградба. Проектот е планирано да се финансира со сопствени средства на Јавното претпријатие за државни патишта.
Тој нагласи дека трасата нема да завршува во Струмица, туку ќе продолжи преку Ново Село до границата со Бугарија. Доколку постапките се одвиваат според планот, Николоски очекува да почнат и градежни активности на терен.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

