26 септември 2026
• од Тодор Вангелов
Осум лица, меѓу кои и тројца малолетници, биле приведени при ноќешна полициска контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје.
Контролата ја спровеле полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат. Биле легитимирани вкупно 37 лица.
Во два угостителски објекти било утврдено дека работеле подолго од дозволеното работно време.
Во друг објект било констатирано точење алкохол на малолетници. Полицијата затекнала и лица кај кои биле пронајдени наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Од полицијата најавуваат дека засилените контроли во угостителските објекти ќе продолжат и во наредниот период.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

