26 септември 2026
• од Тодор Вангелов
Полицијата поднесе кривична пријава против двајца 62-годишни жители на Радовиш, осомничени дека со години неовластено произведувале и продавале мраз во нехигиенски услови. Анализите покажале присуство на ешерихија коли и колиформни бактерии во мразот и на опремата за производство.
Според СВР Струмица, при претреси на четири локации биле пронајдени четири машини за производство на мраз, повеќе замрзнувачи и големи количества мраз спакуван во ќеси за продажба. Дел од мразот бил оставен за самопослужување, а купувачите ги оставале парите во посебна кутија.
Лабораториските анализи покажале дека водата што се користела за производство ги исполнувала пропишаните параметри, но готовиот мраз и другите земени примероци биле микробиолошки неисправни. Во нив биле откриени бактерии од фекално потекло, поради што мразот бил оценет како небезбеден и штетен за здравјето. Агенцијата за храна и ветеринарство запечатила и одзела опрема и околу 850 килограми мраз.
При контролата било утврдено и дека дел од водата за производството се користела преку приклучок што не бил поврзан со водомер. На друга локација, во бесправно изграден објект, полицијата пронашла и воздушна пушка без соодветна документација. За овие случаи се најавени дополнителни пријави.
Двајцата осомничени биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица во Радовиш. Кривичната пријава е поднесена за продолжено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

