24 септември 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара повлекување на предложениот просторен план, за кој тврди дека предвидува отворање пет нови рудници. Тој најави дека партијата ќе се спротивстави на планот на јавните дебати, а доколку не биде повлечен, најави и физички блокади.
Според Филипче, станува збор за рударски проекти на локациите Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке. Тој обвини дека со нив се ризикуваат здравјето на граѓаните и животната средина во корист на странски финансиски интереси.
„Македонија не е на продажба. Нема да го ризикуваме здравјето на граѓаните за туѓи профити“, изјави Филипче на прес-конференција во Собранието.
Тој посочи и на концесијата за геолошки истражувања во регионот „Исток“, која, според СДСМ, опфаќа подрачје на дваесет и седум општини, вклучително и делови од Кожув. Филипче рече дека граѓани и земјоделци од засегнатите подрачја изразиле загриженост за можните последици врз почвата, водите и здравјето.
СДСМ најави учество на јавните дебати, почнувајќи од Струмица и продолжувајќи на уште осум места. Филипче порача дека, ако планот не биде повлечен, партијата ќе организира и физички блокади со граѓани на локациите предвидени за рударски проекти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

