26 септември 2026
• од Гоце Кически
Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ, обвини дека зад платформата „ЗНАМ 2.0“ стои поширока политичка и медиумска кампања насочена против СДСМ и партискиот претседател Венко Филипче.
Кузеска се повика на претходните обвинувања на СДСМ за лобирањето на премиерот Христијан Мицкоски во САД, за кое партијата тврди дека е финансирано од приватна компанија од Македонија. СДСМ претходно објави дека станува збор за компанија поврзана со производство на муниција и балистичка опрема.
Таа тврдеше и дека против Филипче се води координирана кампања преку медиуми, аналитичари, социјални мрежи и политички структури кои, според СДСМ, се блиски до власта. Во настапот беа изнесени и обвинувања за влијание од политички и медиумски кругови од Србија и Унгарија.
Кузеска дополнително обвини дека лица поврзани со основањето на платформата добиле тендери во вредност од околу 1,6 милиони евра. Таа порача дека СДСМ ќе продолжи да ги објавува информациите за кои смета дека покажуваат поврзаност меѓу власта, бизнисот и медиумските кампањи против опозицијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

