25 септември 2026
• од Тодор Вангелов
Европската Унија одобри привремени трговски поволности за Ерменија, со кои ќе бидат укинати увозните царини за околу 80 отсто од ерменскиот извоз на европскиот пазар. Мерките ќе важат две години.
Според ерменското Министерство за надворешни работи, со одлуката Ерменија станува единствената земја која нема кандидатски статус за членство во ЕУ и нема сеопфатен договор за слободна трговија со Унијата, а сепак добива ваква економска поволност.
Олеснувањата опфаќаат широк спектар производи, вклучително и дел од земјоделските производи. Целта е да се отвори поголем простор за ерменските компании на европскиот пазар и да се намали зависноста на земјата од други трговски партнери.
ЕУ ја донесе мерката по неодамнешните руски ограничувања за дел од ерменскиот извоз. Москва годинава воведе пречки за повеќе производи од Ерменија, а европските институции оценија дека новиот режим треба да помогне во пренасочувањето и зајакнувањето на трговијата со ЕУ.
Одлуката доаѓа во период на продлабочување на политичката и економската соработка меѓу Ереван и Брисел и на постепено приближување на Ерменија кон европските структури.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

