26 септември 2026
• од Гоце Кически
Украинските сили продолжуваат со далекусежните атаки врз руската воена и енергетска инфраструктура. Во текот на ноќта кон 26 септември тие ја погодија нафтената рафинерија Иљски во Краснодарскиот крај, длабоко на руска територија, по што во објектот избувнал пожар.
Рафинеријата се наоѓа на околу 500 километри од територијата под украинска контрола и има капацитет за преработка од околу 6,6 милиони тони нафта годишно. Според украинскиот Генералштаб, нејзините производи се користат и за снабдување на руската војска.
Ваквите операции ја покажуваат храброста и сè поголемата способност на украинските сили да нанесуваат удари стотици километри во внатрешноста на Русија. Целта на Киев е да ја ослабне инфраструктурата што ја поддржува руската воена машинерија и со тоа да ја намали способноста на Москва да ја продолжува војната и воздушните атаки врз Украина. Украинското раководство и претходно посочуваше дека атаките врз рафинериите и логистичките центри се насочени кон намалување на руските воени капацитети.
Кампањата веќе предизвика прекини во работата на дел од руските рафинерии. По неодамнешна украинска атака, московската рафинерија целосно ја прекина преработката на сурова нафта, според извори од индустријата цитирани од Ројтерс.
Степенот на штетата во рафинеријата Иљски засега не е независно потврден. Атаката е дел од пошироката украинска стратегија со која Киев се обидува да ја пренесе цената на руската агресија подлабоко на територијата на Русија и да ги ограничи ресурсите што Москва ги користи за продолжување на војната против Украина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

