24 септември 2026
• од Гоце Кически
Ирскиот амбасадор Брендан Ворд порача дека Северна Македонија може да смета на поддршката од Европската Унија, но дека следниот чекор во пристапниот процес зависи од исполнувањето на обврските за измена на Уставот.
Ворд, кој се обрати на првата работна сесија на дваесет и петтиот Мешовит парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија во Собранието, нагласи дека проширувањето е еден од главните приоритети на ирското претседателство со Советот на ЕУ. Тој го оцени проширувањето како важна инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европа.
Според Ворд, Северна Македонија покажала напредок во постепеното приближување кон Унијата, меѓу другото преку учеството во европските програми, Планот за раст за Западен Балкан и усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Тој повтори дека Советот на ЕУ е подготвен да ја свика следната пристапна конференција веднаш штом земјата ги исполни преземените обврски за уставните измени. Истовремено, порача дека мора да продолжат реформите во владеењето на правото и другите области поврзани со пристапниот процес.
Ворд нагласи и дека добрососедските односи се дел од процесот на проширување. Тој ги повика политичките партии во Собранието да постигнат меѓупартиски консензус и заеднички да ги преземат чекорите потребни за натамошен напредок кон членство во ЕУ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

