22 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Новиот предлог-закон за игри на среќа предизвика бурни реакции во јавноста и кај бизнис секторот. На неодамнешната јавна расправа пред собраниската Комисија за финансирање и буџет, претставниците и вработените од индустријата за игри на среќа упатија сериозни предупредувања дека новата регулатива не значи воведување ред, туку е директен удар врз легалните објекти со катастрофални економски последици.
Според нив, предложените законски измени се обид за собирање евтини политички поени преку уништување на најголемиот приватен работодавач во земјата.
Индустријата предупредува дека усвојувањето на законот во оваа форма ќе предизвика домино-ефект врз македонската економија. Главните аргументи изнесени на расправата укажуваат на:
Една од најкритикуваните одредби е правилото за оддалеченост на објектите за игри на среќа од најмалку 500 метри од училиштата. Приредувачите сметаат дека ова е противуставна дискриминација и дека наметнатата дистанца зависи од променливи урбанистички планови — секоја општина би можела да изгради училиште во близина на постоечки легален објект, со што автоматски би се создала правна основа за негово затворање.
Ваквиот потег, предупредуваат експертите, нема да ги заштити младите, ниту пак ќе ја намали желбата за игра. Напротив, ќе го згасне легалниот пазар и ќе ја отвори вратата за дивите играчници.
„Со донесувањето на новиот закон најмногу ќе профитираат нелегалните оператори. Додека државата ги затвора строго регулираните компании, ќе никнат нелегални канали без лиценца, без контрола и без никакви давачки кон државата,“ беше посочено на расправата.
Како предупредувачки пример беше посочена Албанија, која пред неколку години воведе целосна забрана за игрите на среќа. Овој потег резултираше со експлозија на сивата економија и масовно отворање на нелегални казина. Поради огромните буџетски загуби, албанските власти неодамна се откажаа од забраната, но државата сè уште ги трпи последиците од таа погрешна одлука.
Загриженоста ја дели и Стопанската комора, која официјално побара повлекување на предложеното законско решение. Од комората аргументираат дека измените се носат избрзано, без соодветна анализа и дека ќе имаат сериозни последици не само врз компаниите кои легално работат во овој сектор, туку и врз целокупната македонска економија.
На крајот од расправата, приредувачите на игри на среќа упатија апел до сите политички партии во Собранието да го остават популизмот настрана. Тие бараат формирање на мешовита работна група која, во соработка со сите засегнати страни, би изработила ново, одржливо законско решение усогласено со највисоките европски стандарди.
ШОКАНТНИ ТВРДЕЊА ОД БУГАРИЈА: Мицкоски и Лимани си поделиле 13 хидроцентрали?!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

