22 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Опозициската партија Демократска унија за интеграција (ДУИ) изрази сериозна загриженост поради неодамнешната одлука на Уставниот суд за укинување на албанските имиња на улици, плоштади и булевари во Тетово.
Реакцијата на партијата следи по изјавата на уставниот судија Осман Кадриу, кој јавно посочи дека Општина Тетово не ја бранела својата одлука донесена уште во 2007 година, додека Владата не презела никакви активности за нејзина заштита во текот на правната постапка.
Од ДУИ оценуваат дека, доколку тврдењата на судијата се точни, целата ситуација претставува „троен институционален неуспех“. Ова обвинување тие го темелат на три фактори:
„Неприфатливо е историска одлука што речиси две децении е дел од идентитетот на градот да остане без одбрана, а Владата да молчи за прашање што ги засега меѓуетничките односи и духот на Охридскиот рамковен договор“, се наведува во соопштението на партијата.
Од седиштето на партијата во Мала Речица упатија директно барање за одговори од надлежните институции. Од ДУИ бараат јавно објаснување:
Останува да се види дали локалната самоуправа во Тетово и централната власт ќе излезат со официјален став по повод овие обвинувања од опозицијата.
ШОКАНТНИ ТВРДЕЊА ОД БУГАРИЈА: Мицкоски и Лимани си поделиле 13 хидроцентрали?!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

