22 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Сопругата на Андреј од музичкото дуо ДНК, Наталија Ѓорѓиеска, отвори душа и сподели длабоко емотивно сведоштво во гостувањето во емисијата „Претрес“. Зборувајќи за неговиот карактер, нејзините зборови осликаа човек со огромна пожртвуваност и непресушна желба секогаш да им помага на другите, пренесува порталот Скопје1.мк.
Во разговорот, Наталија се осврна на големата трагедија, истакнувајќи дека нејзиниот сопруг, дури и да имал шанса да го преживее настанот, тешко би можел да се помири со фактот дека толку многу човечки животи се згаснати.
„Познавајќи го Андреј, мислам дека не би можел да премине преку тоа, преку шеесет луѓе да загинат, а тој да биде меѓу преживеаните. Едноставно мислам дека самиот тој не би можел да продолжи да живее со таква болка“, изјави Ѓорѓиеска во емисијата.
Таа упати силна порака до јавноста – неговото дело и неговиот лик никогаш да не бидат заборавени. Според нејзините зборови, Андреј бил човек кој никогаш не останувал имун на туѓата неволја и секогаш бил подготвен да пружи рака, без разлика дали станувало збор за финансиска помош, морална поддршка или едноставно физичко присуство во најтешките моменти за другите.
„Тој не можеше да седи мирен. Чувствуваше одговорност и должност да помогне. Таков беше и во нашето семејство – секогаш гледаше мене и Јана да нѐ стави на пиедестал, а самиот остануваше во позадина“, истакна таа, присетувајќи се на неговата грижа како сопруг и татко.
На прашањето дали некогаш претходно помислила дека токму оваа негова изразена карактерна особина – да ги става другите пред себе – би можела да го чини живот, Наталија искрено призна дека такво нешто никогаш не ѝ паднало на ум. Сепак, познавајќи ја неговата суштина, не била изненадена од начинот на кој постапил.
„Не би помислила никогаш. Но, откако се случи, не бев изненадена“, заклучи Ѓорѓиеска.
Ова сведоштво уште еднаш потсетува на големината на луѓето чија несебичност и емпатија оставаат траен и неизбришлив белег.
ШОКАНТНИ ТВРДЕЊА ОД БУГАРИЈА: Мицкоски и Лимани си поделиле 13 хидроцентрали?!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

