21 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Илхан Ќучук во Европскиот парламент: Палењето на бугарските возила во Скопје не е обичен криминален акт, потребна е категорична реакција
Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук во своето обраќање пред Европскиот парламент упати остри реакции по повод инцидентот со опожарувањето на бугарски дипломатски возила во Скопје. Тој побара сериозен одговор од европските институции, предупредувајќи за последиците од говорот на омраза и непочитувањето на преземените обврски од страна на Северна Македонија.
Својот говор Ќучук го започна истакнувајќи дека неговото обраќање би имало сосема поинаков тек доколку не се случеше инцидентот во главниот град на Северна Македонија. Тој категорично го отфрли ставот дека станува збор за изолиран инцидент.
„Ако ми кажете дека ова е уште еден криминален акт, сакам да ви одговорам на многу категоричен начин: не, не е. Ова е недозволиво посегнување врз имот на суверена држава – членка на Европската Унија“, истакна Ќучук пред европратениците.
Тој апелираше до Европскиот парламент да не го користи вообичаениот наратив дека „престапот некако ќе биде истражен“, барајќи наместо тоа јасна и недвосмислена реакција.
Европратеникот изрази сериозна загриженост за односот кон човековите права во земјата, обвинувајќи дека прекршувањата во последно време се „буткаат под тепих“. Во тој контекст, тој предупреди на деструктивната моќ на говорот на омраза:
На крајот од своето излагање, Ќучук се осврна на политиката на проширување на Европската Унија. Тој ги поздрави напорите на Европската комисија да ја подигне оваа тема на повисоко ниво и да ги охрабри државите од Западен Балкан да се доближат до ЕУ. Сепак, тој постави јасни услови за тој процес:
„Во спротивно, ќе биде создаден погрешен политички наратив кој ќе има свое длабоко и негативно одразување“, заклучи Ќучук.
Скопје конечно добива три јавни тоалети: Локациите се познати, но не и датумот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

