22 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Пелагониските сточари се на раб на егзистенција. Поради неисплатени субвенции и драстичниот пад на откупната цена на млекото, тие најавуваат излегување на улица и блокирање на институциите доколку државата не ги подмири своите долгови кон нив до крајот на месецот.
Здружението на сточари од Пелагонија „Пелагониско поле“ упати отворен повик до сите незадоволни сточари и земјоделци да им се придружат на масовен протест во Битола. Револтот кулминира поради неисплатените субвенции за грло говедо за 2025 година, како и поради неисплатената премија за предадено млеко во преработувачките капацитети за период од цели 12 месеци (од јуни 2025 година досега).
Сточарите се жалат дека ситуацијата на терен е неодржлива, трошоците за одржување на фармите вртоглаво растат, а помошта од државата константно доцни. Дополнителен удар е и намалениот откуп на млекото од страна на млекарниците, кој е помал за дури 10 денари.
„Го уништивте сточарството, сите цени одат нагоре, а млекото оди надолу. Јогурт во чаша е 25 денари, а литар сурово млеко 23 денари. Работиме за да ги богатиме газдите,“ истакнува сточарката Гицка Ѓоргиева.
Нејзините колеги додаваат дека откупната цена рапидно паѓа, додека реакција од властите нема.
Сточарите чекаат субвенции од 8.000 денари по грло добиток. Борче Бучински од здружението „Пелагониско поле“ за „Независен“ ја појасни динамиката на најавениот протест доколку парите не легнат на нивните сметки.
„Доколку субвенциите не ни се исплатат до 30 јуни овој месец точно на денот, од 10:30 до 11:30 часот ќе го блокираме подрачното Министерство за земјоделие во Битола. Тој процес ќе биде најавен зошто ние сточарите си ги бараме субвенциите по грло за 2025 година и премијата за млекото за шест месеци од 2025 и шест месеци од 2026 година.“
Иако Владата во февруари оваа година ја усвои Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година (со вкупен буџет од 6 милијарди денари), сточарите кои одгледуваат говеда се чувствуваат запоставени.
Според програмата, директните плаќања изнесуваат:
Хронологија на (не)исплати во сточарството:
Сточарите се децидни – трпението е потрошено. Доколку институциите не преземат итни чекори во следните неколку дена, центарот на Битола ќе биде блокиран, а земјоделската механизација и незадоволството ќе излезат на улиците.
ШОКАНТНИ ТВРДЕЊА ОД БУГАРИЈА: Мицкоски и Лимани си поделиле 13 хидроцентрали?!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

