20 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Бројот на умрени лица во 2025 година изнесува 20.287, што претставува благо зголемување од 0,4% во споредба со 2024 година. Официјалните податоци покажуваат загрижувачки тренд за машката популација – мажите во земјава живеат значително пократко од жените.
Според најновите податоци за морталитетот објавени од Државниот завод за статистика (ДЗС), од вкупниот број починати, 10.498 се мажи, додека 9.789 се жени.
Статистиката открива јасна разлика во животниот век помеѓу половите. Просечната возраст при смрт кај мажите изнесува 72,2 години, додека кај жените таа е 76,6 години. Ова значи дека жените во Македонија во просек живеат дури 4,4 години подолго од мажите.
Во однос на доенечката смртност, регистрирани се 62 случаи на починати доенчиња, што претставува удел од 0,3% на 100 смртни случаи.
Ако се анализира смртноста по месеци, најголем број смртни случаи се регистрирани во текот на зимскиот период. Најмногу граѓани починале во месец јануари – вкупно 2.002, додека најмала смртност е забележана во април, со 1.506 смртни случаи.
Сликата за најчестите причини за смрт во Република Северна Македонија останува непроменета во однос на претходните години. Болестите на срцето и крвните садови, како и малигните заболувања, се главните причини за фатален исход.
Граѓаните најчесто умираат од:
Скопје конечно добива три јавни тоалети: Локациите се познати, но не и датумот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

