24 септември 2026
• од Гоце Кически
Новите електрични возови „Шкода РегиоПантер“ почнаа да сообраќаат во Бугарија, носејќи повисоко ниво на удобност и модерна опрема за патниците. Возовите можат да развијат брзина до 160 километри на час.
Во Пловдив беше организирано демонстративно патување на релацијата Пловдив – Септември – Пловдив. Новите возови имаат безжичен интернет, електрични приклучоци и приклучоци за полнење уреди, видеонадзор и современи безбедносни системи.
Секој воз располага со 333 седишта, како и со посебни места за велосипеди и детски колички. Обезбеден е и полесен пристап за лицата со попреченост и патниците со намалена подвижност.
Бугарските власти соопштија дека во моментов располагаат со 37 нови возови, а до април или мај следната година нивниот број треба да се зголеми на 60. Набавката е финансирана преку европски средства и бугарскиот План за закрепнување.
Новите возови се именувани по бугарски планини и врвови. Првиот го доби името „Средна Гора“, додека на демонстративното патување од Пловдив до Септември сообраќаше возот „Рила“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

