24 септември 2026
• од Гоце Кически
Црна Гора напредува кон својата цел да стане членка на Европската Унија до 2028 година, но пред завршната фаза од преговорите треба да ги реши отворените прашања со соседна Хрватска.
Подгорица досега затвори 18 преговарачки поглавја и планира да ја заврши работата на преостанатите 15. За продолжување на процесот е потребна согласност од земјите членки, а решавањето на билатералните прашања и добрососедските односи се важен дел од европскиот интегративен процес.
Меѓу прашањата што треба да ги решат Црна Гора и Хрватска се обесштетувањето на поранешни затвореници од војната во деведесеттите години, потрагата по 14 исчезнати лица, постапувањето во случаи на воени злосторства и имотните барања на хрватски семејства.
Отворени остануваат и прашањата за поморската граница и школскиот брод „Јадран“. Двете земји во последните недели водат разговори на министерско ниво, со поддршка од Европската комисија.
Нова билатерална средба е предвидена за почетокот на октомври во Загреб. Доколку биде постигнат доволен напредок, во средината на октомври би можеле да бидат затворени дополнителни преговарачки поглавја.
Европската комесарка за проширување Марта Кос претходно порача дека Црна Гора и натаму може да ја оствари целта за членство во 2028 година. За тоа ќе биде потребно продолжување на реформите, исполнување на европските критериуми и решавање на преостанатите отворени прашања со земјите членки.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

