23 септември 2026
• од Гоце Кически
Шефицата на европската дипломатија Каја Калас побара слободен и непречен сообраќај низ Ормускиот Теснец, по средбата со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во Њујорк. Разговорите се одржаа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.
Калас порача дека бродовите не треба да плаќаат такси за минување низ теснецот и дека слободата на пловидба мора да биде обезбедена и во Ормускиот Теснец и во Баб ел Мандеб. Европската Унија и претходно нагласи дека слободата на пловидба низ меѓународните теснеци е загарантирана со меѓународното право.
На средбата Калас ја покренала и состојбата со човековите права во Иран, особено зголемениот број егзекуции и смртни казни. Разговорите се одржаа во период кога Вашингтон и Техеран повторно водат дипломатски контакти во обид да најдат излез од конфликтот.
Европската Унија во Њујорк настапува со порака за почитување на Повелбата на Обединетите нации, меѓународното право, суверенитетот и територијалниот интегритет. Безбедноста на поморските патишта е меѓу главните теми на европската дипломатска агенда оваа недела.
ЕУ одмрзнува 4,2 милијарди евра за Унгарија по реформите за владеење на правото
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

