05 мај 2026
• од Тодор Вангелов
Најмалку 21 загинаa, а 61 се повредени во експлозија во фабрика за огномет во централна Кина. Властите предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми додека трае потрагата по исчезнати лица.
Експлозијата се случила во понеделник попладне во фабрика за огномет во градот Чангша, во кинеската провинција Хунан. Причината сè уште се истражува, а како можна причина се споменува небрежност.
Кинеските власти соопштија дека на терен биле испратени речиси 500 спасувачи. Жителите од опасните зони биле евакуирани поради ризик од дополнителни експлозии во магацини со црн барут во близина на местото на несреќата.
Полицијата го привела одговорното лице во компанијата што управувала со фабриката. Кинескиот претседател Си Џинпинг побара итна потрага по исчезнатите, лекување на повредените и брза истрага за причините за несреќата.
Спасувачките екипи користат вода и специјална опрема за да го намалат ризикот од нови експлозии. Во операцијата се вклучени и роботи, за да се заштитат спасувачите од дополнителна опасност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

