29 септември 2026
• од Гоце Кически
Голем арсенал оружје, муниција и тактичка опрема е пронајден во антитерористичка акција. Против три лица е поднесена кривична пријава за тероризам и недозволена трговија со оружје.
Според информациите од полицијата, во акцијата биле извршени претреси на повеќе локации, при што било запленето поголемо количество оружје и друга опрема.
На фотографиите и видеоматеријалите објавени од полицијата се гледаат автоматски пушки, меѓу кои оружје што наликува на „калашников“ и М4, големо количество муниција, оптички нишани, радиостаници, ножеви и заштитни елеци. Меѓу запленетите предмети се гледа и компјутерска опрема, вклучително и уреди што наликуваат на опрема за копање криптовалути.
Особено внимание привлекува и знаме со симболи на терористичката организација ИСИС, кое се гледа меѓу предметите прикажани од полицијата.
По акцијата се огласи и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, кој на социјалните мрежи објави: „Тероризмот не се исплати! Државата гледа, институциите делуваат!“
Случајот доаѓа неколку месеци по инцидентот со синагогата и објектот на Еврејската заедница во Скопје. Тогаш беа објавени информации дека израелски безбедносни извори го поврзуваат случајот со терористичка ќелија поврзана со ИСИС.
Сепак, засега нема официјална потврда дека лицата опфатени со сегашната акција имаат каква било врска со инцидентот кај синагогата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

