28 септември 2026
• од Гоце Кически
Нови експертски анализи за сообраќајната несреќа во Кочани отвораат сериозни прашања околу тезата дека Ива Михаилова ја предизвикала несреќата. Нејзината одбрана бара судот да ја разгледа и меѓународната техничка експертиза за движењето на автомобилите и местото на судирот.
Според Бугарската национална телевизија, која објави дека има увид во експертската реконструкција, ударот се случил околу 40 до 50 сантиметри во сообраќајната лента по која се движела Ива.
Според оваа анализа, како и според други експертизи изработени по барање на нејзината одбрана, судирот се случил во нејзината лента. Таквиот наод директно ја оспорува верзијата според која Михаилова навлегла во спротивната сообраќајна лента.
Одбраната посочува дека токму експертизата изработена по барање на Обвинителството во Кочани дава поинаков заклучок. Според адвокатите на Михаилова, во таа анализа не биле земени предвид сите релевантни параметри, меѓу кои и тежината на двата автомобили. Вештото лице што ја изработило експертизата треба да биде сослушано пред судот.
Поради спротивставените експертски наоди, прашањето за одговорноста за несреќата останува предмет на судска постапка и не може однапред да се смета за утврдено.
Во меѓувреме, здравствената состојба на Михаилова, која има и бугарско државјанство, според нејзината одбрана се влошува. Таа тврди дека судските ограничувања ѝ го отежнуваат заминувањето на лекување во странство, иако има потреба од медицинска помош.
Михаилова претходно изјави дека се чувствува под силен притисок и дека не се чувствува безбедно во својот дом. Таа наведе дека полицијата вршела претреси, а во близина на нејзиниот дом имало цивилни лица и дронови.
Нејзиниот адвокат Николај Димитров најави дека случајот со ограничувањата за лекување ќе биде изнесен и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Одбраната смета дека постапувањето кон Михаилова мора внимателно да се преиспита, особено имајќи ги предвид нејзината здравствена состојба, правото на лекување и различните експертски наоди за самата несреќа.
Маса од 800.000 верници во Париз за папата, потоа молитва во светилиштето Лурд
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

