27 септември 2026
• од Гоце Кически
Првиот вицепремиер Беким Сали не присуствувал на билатералната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и српскиот претседател Александар Вучиќ во Њујорк. Дел од медиумите на албански јазик неговото отсуство го оценија како бојкот, но засега нема објавена изјава од Сали за причините.
Мицкоски и Вучиќ се сретнаа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.
Отсуството на Сали привлече внимание и поради неговите неодамнешни ставови за Косово. По пресудата на Специјализираните совети во Хаг од шеснаесетти септември, тој јавно изрази поддршка за поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово и порача дека очекува преиспитување на одлуката во жалбената постапка.
Маса од 800.000 верници во Париз за папата, потоа молитва во светилиштето Лурд
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

