28 септември 2026
• од Гоце Кически
Бугарската пратеничка Елисавета Белобрадова изјави дека пратениците кои пристигнале во Кочани не се таму за да влијаат врз судскиот процес против Ива Михаилова, туку за да ѝ дадат поддршка и да следат дали се почитуваат нејзините човекови права.
Белобрадова рече дека пратеници од различни парламентарни групи дошле за Михаилова да знае дека има поддршка и дека внимателно ќе се следи заштитата на нејзините права.
Таа нагласи дека не сака да го коментира текот на судската постапка и изрази надеж дека случајот ќе заврши во согласност со законите и правото.
Според Белобрадова, политичкото мешање во судскиот процес би можело да биде штетно. Сепак, таа порача дека европските институции треба да бидат информирани и дека на властите во Северна Македонија треба јасно да им се укаже на значењето на човековите права.
„Човековите права се неразделен дел од стремежот да бидете дел од Европа“, порача Белобрадова.
Маса од 800.000 верници во Париз за папата, потоа молитва во светилиштето Лурд
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

