29 септември 2026
• од Гоце Кически
Бугарскиот премиер Румен Радев официјално потврди дека на 3 октомври во Софија ќе се одржи државна церемонија за пречек на посмртните останки на цар Самоил. Тој ги повика граѓаните масовно да присуствуваат и да му оддадат почит на владетелот.
Останките ќе бидат пренесени од Грција во Бугарија со воен авион „Спартан“. Централната церемонија е закажана за 12:30 часот на плоштадот „Батенберг“, пред поранешниот царски дворец во Софија.
Радев ги повика Бугарите да дојдат на плоштадот и заедно да ги пречекаат останките на, како што го нарече, „големиот бугарски владетел цар Самоил“. По официјалниот пречек ќе следува поворка низ Софија до црквата „Света Софија“.
Таму посмртните останки ќе бидат положени во специјален саркофаг. Нивното предавање е резултат на договор меѓу Бугарија и Грција, по повеќедецениски бугарски напори тие да бидат пренесени од Грција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

