07 октомври 2026
• од Гоце Кически
Украинските сили не изведувале операции во бугарските води каде што беа нападнати два цивилни брода, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Едниот брод потонал, а другиот бил значително оштетен.
Зеленски соопшти дека украинските и бугарските власти размениле информации за нападот. Според него, првичните податоци укажуваат на руски комбиниран напад со поморски и воздушни беспилотни летала, објави UKRINFORM.
Украина побарала поблиска соработка со партнерите за заштита на пловидбата во Црното Море. Бугарските власти го оценија нападот врз трговските бродови во својата исклучителна економска зона како целосно неприфатлив.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

