07 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Европската комисија исплати 1,24 милијарди евра за зајакнување на одбраната на Украина, а средствата ќе бидат искористени за дронови, системи за пресретнување дронови, муниција и ракети произведени од украински компании.
Како што соопшти Европската комисија, парите се дел од европскиот заем за поддршка на Украина во вредност од 90 милијарди евра, од кои околу 60 милијарди се наменети за одбраната, а 30 милијарди за буџетска помош во текот на 2026 и 2027 година.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека исплатата ќе помогне да се зајакнат украинската одбранбена индустрија и способноста на земјата да ги заштити населението и инфраструктурата од руските напади.
Според Европската комисија, само во 2026 година се планирани 28,3 милијарди евра за поддршка на украинските одбранбени капацитети, а дополнителни исплати се очекуваат во следните недели.
Европската унија и нејзините земји членки од почетокот на руската инвазија во 2022 година досега обезбедиле вкупно 228,7 милијарди евра помош за Украина. Дел од средствата се обезбедени и од приходите од замрзнати руски средства.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

