07 октомври 2026
• од Стефан Николов
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави враќање на прогресивното оданочување и посебен данок за големите компании што остварувале екстра профити. Мерките се дел од таканаречениот Мастер план на партијата.
Во гостувањето во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, Филипче рече дека прогресивниот данок не треба да претставува казна за успешните, туку начин за поправедна распределба на приходите.
„Ќе го вратиме прогресивниот данок, затоа што тоа не е казна за успешноста, тоа е правилна прераспределба на капиталот“, рече Филипче.
Тој најави и посебно оданочување на компании кои, според него, во изминатите години оствариле екстра профити. Филипче тврди дека дополнителните приходи во буџетот би се користеле и за мерки за подобрување на животниот стандард и зголемување на платите.
Во објавеното соопштение не се наведуваат конкретни даночни стапки, прагови за прогресивното оданочување ниту критериуми според кои би се утврдувало кои компании треба дополнително да бидат оданочени.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

