07 октомври 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата нема да поддржи изградба на Водно во рамки на деталниот урбанистички план за населбата Барутана.
Во интервју за емисијата „Директно“ на телевизија Телма, Филипче рече дека СДСМ застанува зад граѓаните кои се противат на урбанизацијата на овој дел од Водно.
„Додека јас сум претседател на СДСМ, во делот на Барутана, на Водно, ниту една цигла нема да биде изградена“, изјави Филипче.
Тој рече дека ставот е усогласен и со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и најави дека дополнително ќе ги образложат своите позиции за планот.
Филипче ги отфрли и тврдењата дека постои договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за урбанизацијата на Водно, нагласувајќи дека неговата партија нема да поддржи проект на кој локалните жители сериозно се противат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

