06 октомври 2026
• од Гоце Кически
Бугарија испраќа два воени хеликоптера и авион Су-25 во операцијата за потрага по преживеани во Црно Море, откако два трговски брода беа погодени со дронови во бугарската економска зона. Еден од бродовите потона, а спасувачката операција продолжува.
Двата хеликоптера од авиобазата „Крумово“ се упатени кон авиобазата „Чајка“ кај Варна и, доколку биде потребно, ќе бидат вклучени во потрагата на море, соопшти бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов, пренесе „Бугарија он ер“.
Во операцијата ќе учествува и авион Су-25, кој треба да врши воздушно набљудување над морската зона и да помогне во откривањето евентуални преживеани. Бугарското Министерство за одбрана е подготвено да испрати и дополнителни сили и техника.
Според јавно достапни податоци за следење летови, во поширокиот регион е активен и авион „Дасо Фалкон 2000“, означен како оператор за специјална намена. Засега нема официјална потврда дека авионот е дел од спасувачката операција.
Бугарските власти ја координираат акцијата преку армијата, поморските служби и полицијата. Нападите се случиле на околу 80 морски милји од бугарскиот брег, а потеклото на дроновите засега не е утврдено.
Над 4.500 спорни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

