07 октомври 2026
• од Стефан Николов
СДСМ тврди дека Владата одобрила ново задолжување до 250 милиони евра преку издавање должнички хартии од вредност на меѓународниот финансиски пазар. Според партијата, средствата се наменети за буџетска поддршка.
Од СДСМ наведуваат дека одлуката била донесена на владина седница на 29 септември и оценуваат дека новото задолжување не е наменето за отплата на доспеани долгови, туку за финансирање на тековните буџетски потреби.
Партијата тврди дека јавниот долг достигнал околу 11 милијарди евра и дека, заедно со обврските на јавните претпријатија, надминува 63 проценти од бруто-домашниот производ. СДСМ дополнително наведува дека буџетскиот недостиг изнесува околу 900 милиони евра, а недостигот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување го проценува на околу една милијарда евра.
Според последната анализа на Меѓународниот монетарен фонд, јавниот и јавно гарантираниот долг за 2026 година се проценува на околу 60,5 проценти од бруто-домашниот производ, додека владината фискална стратегија претходно предвидуваше ниво од околу 62,5 проценти.
СДСМ оценува дека новото задолжување покажува оти државниот буџет е под засилен притисок и повторно ја критикува економската политика на Владата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

