07 октомври 2026
• од Гоце Кически
Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека товарот и правецот на движење на двата трговски брода погодени со дронови во бугарската економска зона во Црното Море упатуваат на можна поврзаност со Русија.
По седницата на Советот за национална безбедност, Радев рече дека бугарските власти ќе се обидат да го утврдат потеклото на дроновите. Софија ќе ги координира активностите со Турција и Романија, а ќе побара и помош од САД за испитување на местата на нападите.
Посебно ќе се истражува бродот „ABLE“, кој останал на површината, но претрпел оштетувања. Властите ќе бараат делови од дроновите на бродот и во неговата околина, со цел да се утврди од каде потекнуваат. Ќе бидат испитани и остатоците од вториот брод, кој потонал по нападот.
Радев оцени дека во моментов нема непосредна закана за националната безбедност на Бугарија, но предупреди дека војната во регионот создава сериозни безбедносни ризици и се проширува кон области поблиску до земјата.
Тој додаде дека Бугарија ќе продолжи да ги зајакнува своите способности за одбрана во соработка со ЕУ и НАТО. Дипломатски чекори, според него, ќе следуваат откако ќе биде утврдено потеклото на дроновите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

