07 октомври 2026
• од Стефан Николов
Скопската полиција санкционирала возач кој со автомобил го попречувал движењето на други возила во центарот на Скопје, откако снимка од настанот се проширила на социјалните мрежи.
Според Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 5 октомври на крстосницата меѓу улиците „11 Октомври“, „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“.
На снимката се гледа како патничко возило го попречува движењето на други учесници во сообраќајот.
Полицијата денеска го повикала сопственикот на автомобилот, со иницијали Н. В., во СВР Скопје. Против него биле преземени мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

