07 октомври 2026
• од Гоце Кически
Русија претрпела речиси 1,55 милиони загуби во воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина, според најновите процени на украинскиот Генералштаб.
Како што пишува „Киев пост“, украинската армија проценува дека само во изминатото деноноќие руските сили загубиле околу 1.690 војници, со што вкупната бројка достигнала 1.545.950. Не е наведено колку од нив се загинати, а колку ранети, а податоците не се независно потврдени.
Според украинските процени, Русија досега загубила и 12.396 тенкови, повеќе од 25.000 оклопни возила и над 50.000 артилериски системи. Пријавени се и големи загуби на беспилотни летала, авиони, хеликоптери и друга воена опрема.
Податоците беа објавени на 74-тиот роденден на рускиот претседател Владимир Путин. Украинските власти порачаа дека ќе продолжат со одбраната од руската агресија и повторно ги повикаа западните партнери на посилни санкции против Москва и дополнителна воена помош, особено системи за противвоздушна одбрана.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха оцени дека засилениот меѓународен притисок врз Русија е неопходен за Москва да биде поттикната кон дипломатија и праведен и траен мир.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

