07 октомври 2026
• од Стефан Николов
Лекарот Дарко Василевски по шест дена го прекина штрајкот пред Деканатот на Медицинскиот факултет, наведувајќи дека со својот протест сакал да укаже на, како што вели, неправедниот третман на медицинските лица кои немаат влијание или поддршка.
Василевски објави дека по краток разговор со деканот заклучил оти од институциите не добил одговор каков што очекувал. Според него, во текот на речиси една недела немало конкретна иницијатива за решавање на неговиот случај.
Тој изрази разочарување и од дел од колегите лекари, тврдејќи дека во јавноста бил претставуван како неработник и дека биле објавувани негови лични податоци со цел да биде дискредитиран.
Василевски вели дека заминува со нарушено здравје по шест дена без храна, но дека не жали што јавно проговорил за случајот. Најави дека ќе продолжи професионално да се усовршува и да работи во медицината.
Тој најави и дека постапката за која тврди дека била неправедна ќе ја оспори пред надлежните инспекциски и судски органи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

