16 јуни 2026
• од Гоце Кически
Европскиот парламент во вторникот одобри законодавство за намалување на царините за широк спектар американски стоки, со што Европската Унија го исполнува својот дел од трговскиот договор преговаран минатата година со Соединетите Американски Држави. Главната цел е да се избегне нова царинска војна меѓу двата најголеми економски блока во светот, пренесува „Ројтерс“.
Договорот беше постигнат во јули минатата година за време на средбата меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и претставници на ЕУ во голф-комплексот Тарнбери во Шкотска. Според договореното:
Речиси 11 месеци по постигнувањето на рамковниот договор, Европската Унија сè уште ги немаше усвоено потребните регулаторни промени. Ова предизвика реакција кај Доналд Трамп, кој неодамна предупреди дека доколку Брисел не преземе мерки до 4 јули, САД би можеле да воведат „многу повисоки“ тарифи.
Законодавниот пакет беше изгласан со убедливо мнозинство – 440 гласа „за“ наспроти 151 „против“. Дополнително, европратениците го поддржаа и продолжувањето на режимот за бесцарински увоз на американски јастози, пракса која беше договорена уште за време на првиот мандат на Трамп.
Со усвојувањето на овој текст, Европскиот парламент ја надмина последната голема политичка пречка пред официјалното влегување во сила на договорените мерки.
Соединетите Американски Држави, од своја страна, сега треба да ја имплементираат договорената општа царина од 15% за европските стоки. Оваа стапка веќе беше во сила претходно, но во февруари Врховниот суд на САД ги укина глобалните царински мерки на администрацијата на Трамп. Американската влада планира да го врати режимот до 24 јули, кога истекува актуелниот привремен режим кој предвидува тарифи од 10%.
И покрај позитивниот исход од гласањето во Стразбур, остануваат низа нејаснотии околу идните трговски односи меѓу двете страни:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

