06 август 2026
• од Стефан Николов
Двајца жители на Охрид се уапсени откако полицијата при претреси во нивните домови пронашла марихуана и други предмети поврзани со сомнение за кривично дело.
Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид на 5 август ги лишиле од слобода Р.С. (50) и С.Б. (46), двајцата од Охрид.
При претрес во домот на Р.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Во домот на С.Б., исто така по судска наредба, полицијата пронашла марихуана, шприц исполнет со кафеава материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

